На њухоршки Волстрит берзанските индекси паднаа во четвртокот, а технолошкиот сектор беше под најголем притисок, како и во вторникот, бидејќи инвеститорите стравуваат дека цените на акциите во тој сектор се превисоки.

Индекост Dow Jones изгуби 0,84 отсто, на 46.913 поени, додека S&P 500 падна зас 1,12 отсто, на 6.720 поени, а индексот Nasdaq падна за 1,90 отсто, на 23.053 поени.

Вчерашното тргување беше повторување на настаните од вторник. Стравувајќи дека цените на акциите на големите технолошки компании достигнаа превисоки нивоа, инвеститорите одлучија да повлечат дел од својата добивка од пазарот.

Истовремено, меѓу најголемите губитници беа акциите на производителите на чипови, па индексот на тој сектор потона за 2,4 отсто.

Долго време цените на акциите на технолошките компании силно растат, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција, што е главната причина за рекордните нивоа на индексите на берзата. Поради оваа причина, некои аналитичари предупредуваат дека пазарот е преценет. Други, пак, веруваат дека сè уште има простор за натамошен раст, бидејќи сè уште постои подготвеност за купување.

Пазарот е поддржан од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите и банките.

Досега, околу 420 компании од индексот S&P 500 ги објавија своите извештаи, при што околу 83 отсто од нив пријавија поголема заработка од очекуваната.

Поради ова, аналитичарите во анкетата на Reuters сега проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во третиот квартал се зголемила за 16,8 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека на почетокот на сезоната на финансиски извештаи очекуваа зголемување од 8,8 отсто.

Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,42 отсто, на 9.735 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 1,31 отсто, на 23.734 поени, а парискиот CAC за 1,36 отсто, на 7.964 поени.

globe

Слични новости

„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија

„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија

Подружница на американскиот гигант за е-трговија „Amazon“ им плати околу 180 милиони евра на италијанските даночни власти и го укина својот систем за следење на испораките со цел да ја затвори истрагата за можна даночна измама и експлоатација на работници

Цените на храната паднаа и во ноември

Цените на храната паднаа и во ноември

Цените на храната паднаа и во ноември, трет месец по ред, со значително намалување на цената на млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации

РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија

РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година