На Волстрит, индексот S&P 500 падна четврти ден по ред во вторникот, како и индексот Nasdaq, бидејќи инвеститорите останаа внимателни пред објавувањето на заработката на „Nvidia“ и по извештајот кој покажуваше слабеење на довербата на потрошувачите.
Индексот Dow Jones вчера порасна за 0,37 отсто, на 43.621 поен, но поважниот S&P 500 се лизна за 0,47 отсто, на 5.955 поени, а индексот Nasdaq падна за 1,35 отсто, на 19.026 поени.
Вчера, како и претходниот ден, технолошкиот сектор беше под притисок, при што цената на акцијата на „Nvidia“ падна за речиси 3 отсто пред објавувањето на кварталните резултати во среда.

Реакцијата на инвеститорите на резултатите на најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција може значително да влијае на насоката на индексите S&P 500 и Nasdaq, бидејќи опциските договори покажуваат дека цената на „Nvidia“ може да порасне или падне до 8 отсто, во зависност од деловните резултати.
Инвеститорите вчера беа загрижени и од извештајот кој покажува дека довербата на потрошувачите слабее, бидејќи е неизвесно како политиката на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијае на инфлацијата и на целокупната економија. Ова може да доведе и до слабеење на потрошувачката, за што предупредуваат голем број компании, а потрошувачката сочинува околу 70 отсто од американската економија.
Падот на индексот S&P 500 четврти ден по ред, со падот на најниските нивоа за еден месец, е и резултат на стравувањата на инвеститорите од трговска војна, имајќи предвид дека Вашингтон се заканува со царини за речиси сите големи земји во светот.
Покрај тоа, инвеститорите се загрижени за високата инфлација во САД, поради што американската централна банка веројатно нема да продолжи со намалување на каматните стапки толку брзо како што се надеваа инвеститорите.
„Насловите во медиумите се доста драматични, за царините, за слабоста на економијата… Затоа, потрошувачите, а веројатно и деловните луѓе, се двоумат да донесат одлуки и го чекаат развојот на ситуацијата. Исто е и на пазарот на капитал – ова беше уште еден ден на избегнување ризик и вака се тргува речиси еден месец“, вели Питер Туз, претседател во компанијата „Chase Investment Counsel“.
Внимателно вчера беше и тргувањето на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс се зголеми за 0,11 отсто, на 8.668 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,07 отсто, на 22.410 поени, а париски CAC за 0,49 отсто, на 8.051 поен.
Слични новости
Швеѓаните почнуваат бојкот на американските производи како одговор на промената на политиката на САД
Серијата иницијативи за бојкот на американските производи се појави како одговор на промената на американската политика, вклучувајќи да одлуката на Вашингтон да ја прекине поддршката на Украина и да воведе царински тарифи на стоките од Европа
Повеќе од 150 000 работни места отворени во САД, иако расте невработеноста
Во Америка во февруари се отворени 150 000 работни места, но и покрај тоа, невработеноста порасна на 4,1 насто поради заканите на претседателот Трамп со трговски војни и најавите дека од САД ќе бидат вратени милиони имигранти.
Германската пошта укинува 8.000 работни места
Германската пошта денеска објави дека има намера да укине 8.000 работни места во Германија за да ги намали трошоците на работењето.