На Волстрит, индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа трет ден по ред во вторникот, бидејќи новите економски податоци не влијаеја на очекувањата во врска со каматните стапки на американската централна банка, додека Nasdaq благо порасна.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,62 отсто, на 48.114 поени, а S&P 500 за 0,24 отсто, на 6.800 поени. Индексот Nasdaq, од друга страна, зајакна за 0,23 отсто, на 23.111 поени.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи новите економски показатели не влијаеја значително на очекувањата во врска со каматните стапки на Fed.

 

Во ноември, бројот на вработени во САД се зголеми за 64.000, откако се намали во октомври поради привременото затворање на федералните служби. Во октомври, малопродажбата беше стагнирана во споредба со претходниот месец, додека аналитичарите очекуваа мало зголемување.

Податоците сугерираат дека економскиот раст не е многу импресивен, но не е толку слаб како што некои мислеа.

„Речиси сите податоци се гледаат низ призмата на можноста да се влијае врз Fed , а овие податоци не ја поместија иглата во ниту еден правец“, рече Марк Хакет, стратег во компанијата „Nationwide“.

Откако Fed минатата седмица ги намали каматните стапки третпат оваа година за 0,25 отстотни поени, пазарот проценува дека би можел да ги намали каматните стапки во два наврата следната година, додека челниците на Fed очекуваат едно намалување во просек.

Индексот Nasdaq порасна вчера по неколкудневниот пад, бидејќи притисокот врз технолошките акции малку се намали.

Сепак, Dow Jones и S&P 500 паднаа поради притисок врз енергетскиот сектор, откако цените на нафтата паднаа на најниско ниво од 2021 година. Како резултат на тоа, енергетскиот индекс S&P 500 потона за речиси 3 отсто.

Европските берзи, исто така, паднаа вчера. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,68 отсто на 9.684 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,63 отсто на 24.076 поени, а парискиот CAC падна за 0,23 отсто на 8.106 поени.

globe

Слични новости

На Холандија ѝ се потребни најмалку 150 милијарди евра инвестиции во продуктивноста

На Холандија ѝ се потребни најмалку 150 милијарди евра инвестиции во продуктивноста

На Холандија ѝ се потребни најмалку 150 милијарди евра инвестиции во следните десет години за да ја подобри продуктивноста, заедно со олабавени регулативи за имиграција на висококвалификувани странски работници и подобрено снабдување со електрична енергија

Доларот падна во однос на кошничката валути трета седмица по ред, еврото зајакна

Доларот падна во однос на кошничката валути трета седмица по ред, еврото зајакна

На светските пазари, американскиот долар падна во однос на кошничката валути минатата седмица, трата по ред, бидејќи американската централна банка ги намали клучните каматни стапки по третпат оваа година