На Волстрит, индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа трет ден по ред во вторникот, бидејќи новите економски податоци не влијаеја на очекувањата во врска со каматните стапки на американската централна банка, додека Nasdaq благо порасна.
Индексот Dow Jones ослабе за 0,62 отсто, на 48.114 поени, а S&P 500 за 0,24 отсто, на 6.800 поени. Индексот Nasdaq, од друга страна, зајакна за 0,23 отсто, на 23.111 поени.
Инвеститорите се претпазливи бидејќи новите економски показатели не влијаеја значително на очекувањата во врска со каматните стапки на Fed.
Во ноември, бројот на вработени во САД се зголеми за 64.000, откако се намали во октомври поради привременото затворање на федералните служби. Во октомври, малопродажбата беше стагнирана во споредба со претходниот месец, додека аналитичарите очекуваа мало зголемување.
Податоците сугерираат дека економскиот раст не е многу импресивен, но не е толку слаб како што некои мислеа.
„Речиси сите податоци се гледаат низ призмата на можноста да се влијае врз Fed , а овие податоци не ја поместија иглата во ниту еден правец“, рече Марк Хакет, стратег во компанијата „Nationwide“.
Откако Fed минатата седмица ги намали каматните стапки третпат оваа година за 0,25 отстотни поени, пазарот проценува дека би можел да ги намали каматните стапки во два наврата следната година, додека челниците на Fed очекуваат едно намалување во просек.
Индексот Nasdaq порасна вчера по неколкудневниот пад, бидејќи притисокот врз технолошките акции малку се намали.
Сепак, Dow Jones и S&P 500 паднаа поради притисок врз енергетскиот сектор, откако цените на нафтата паднаа на најниско ниво од 2021 година. Како резултат на тоа, енергетскиот индекс S&P 500 потона за речиси 3 отсто.
Европските берзи, исто така, паднаа вчера. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,68 отсто на 9.684 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,63 отсто на 24.076 поени, а парискиот CAC падна за 0,23 отсто на 8.106 поени.
Слични новости
Обилната понуда ги задржа цените на нафтата под 61 долар
Цените на нафтата останаа под 61 долар на меѓународните пазари во понеделникот, а аналитичарите предвидуваат дека Кина очекува значително повеќе барели од Венецуела до крајот на годината, со тешкотии во транспортот, но и изобилство на понудата од санкционираните Русија и Иран
Норвешкиот извоз значително падна во ноември
Норвешкиот извоз зебележа значитечно намалување во ноември, со остар пад на вредноста на испораките на нафта и гас, покажаа податоците кои во понеделникот ги објави тамошното биро за статистика
Русија бара 230 милијарди долари отштета од „Euroclear“
Руската централна банка поднесе тужба во Москва барајќи 230 милијарди долари отштета од белгиската клириншка куќа „Euroclear“, првиот чекор откако Кремљ предупреди дека тоа ќе биде правен кошмар за Европската унија поради плановите за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина


