На Волстрит во понеделникот берзанските индекси се лизнаа од рекордните нивоао, што најмногу е резултат на падот на цените на акциите на технолошките компании, како што е „Nvidia“.

Dow Jones загуби 0,54 отсто, на 44.401 поен, додека S&P 500 се лизна за 0,61 отсто, на 6.052 поени, а индексот Nasdaq 0,62 отсто, на 19.736 поени.

Откако ги достигнаа рекордните височини во петокот, S&P 500 и Nasdaq индеските вчера се лизнаа од тие нивоа, најмногу поради падот на цените во технолошкиот сектор.

Акциите на „Nvidia“ беа меѓу најголемите губитници, со пад од 2,6 отсто, по веста дека кинеските регулаторни власти започнале истрага против производителот на чипови поради сомневање за прекршување на антимонополските закони.

Инвеститорите оваа седмица ќе се фокусираат на новите економски извештаи, особено на оној за инфлацијата во ноември.

Сите најнови извештаи покажаа дека најголемата светска економија постојано расте, дека пазарот на трудот останува цврст и дека инфлацијата сè уште е над целните нивоа на Fed од 2 проценти.

Затоа минатата седмица претседателот на американската централна банка Џером Пауел изјави дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки.
Сепак, пазарот очекува дека на дводневната седница од 17. до 18. декември Fed по третпат годинава ќе ги намали каматните стапки, за дополнителни 0,25 процентни поени.

А на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,52 отсто, на 8.352 поени, а париски CAC се зголеми за 0,72 отсто, на 7.480 поени. Сепак, франкфуртски DAX ослабе за 0,19 отсто, на 20.345 поени.

globe

Слични новости

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

Оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%.

Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци

Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци

Годишните потрошувачки цени се зголемија за 2,6 отсто минатиот месец, во однос на растот од 2,3 отсто во октомври и значително над септемврискиот раст од 1,7 отсто. Тогаш, првпат по речиси три ипол години, инфлацијата падна под целното ниво на централната банка од 2 отсто