На Волстрит берзанските индекси паднаа во вторникот втор ден по ред, бидејќи инвеститорите останаа претпазливи пред новите извештаи за инфлацијата во САД, кои би можеле да влијаат на очекувањата на американските централни банки.
Индексот Dow Jones загуби 0,35 отсто, на 44.247 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,30 отсто, на 6.034 поени, а индексот Nasdaq 0,25 отсто, на 19.687 поени.
Откако во петокот достигнаа рекордни нивоа, S&P 500 и Nasdaq индексите вчера паднаа втор ден по ред, бидејќи по силниот раст на цените на акциите во ноември, инвеститорите не сакаат да преземаат дополнителни ризици пред новите извештаи за инфлацијата.
Во среда ќе биде објавен извештајот за потрошувачките цени во ноември, а во четврток за цените на производителите.
„Инвеститорите се претпазливи пред извештаите за потрошувачките и производните цени. Би сакале да видиме бројки кои нема да го попречат Fed следната недела“, вели Мона Махајан, стратег во компанијта „Edward Jones“.
Во анкетата на Reuters, аналитичарите проценуваат дека инфлацијата, според потрошувачките цени, во ноември пораснала на 2,7 отсто на годишна основа, додека еден месец претходно изнесуваше 2,6 отсто.
Доколку податоците се во согласност со очекувањата, пазарот смета дека на дводневната седница од 17 до 18 декември, Fed ќе ги намали каматните стапки третпат оваа година, за дополнителни 0,25 процентни поени.
Но, прашањето е што ќе се случи натаму бидејќи сите најнови извештаи покажуваат дека најголемата светска економија постојано расте, дека пазарот на трудот останува цврст и дека инфлацијата се уште е над целните нивоа на Fed од 2 отсто. Поради ова, претседателот на Fed, Џером Пауел минатата седмица изјави дека темпото на намалување на каматните стапки може да се забави.
„Не е само она што ќе го направи Fed следната седмица, туку што ќе каже за понатамошното движење на каматните стапки“, вели Линдзи Бел, стратег во компанијата „248 Ventures“.
Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,86 отсто, на 8.280 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,08 отсто, на 20.329 поени, а париски CAC 1,14 отсто, на 7.394 поени.
Слични новости
Нафтата благо поскапе поради падот на залихите во САД
Цените на нафтата во четвртокот благо пораснаа поткрепени од падот на залихите на сирова нафта во САД, но нивниот раст беше ограничен бидејќи американската централна банка сигнализираше дека ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки во 2025 година, што би можело да му наштети на економскиот раст, да ја намали побарувачката и да го зајакне американскиот долар
Продажбата на нови автомобили во ЕУ во ноември падна за два отсто
Продажбата на нови автомобили во Европската унија е намалена за околу два отсто во ноември, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) во четвртокот
Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed
Европските акции остро паднаа во четвртокот претпладнето, како и Волстрит претходниот ден, бидејќи американската централна банка соопшти дека планира да го забави темпото на олабавување на монетарната политика