Тргувањето на Волстрит беше претпазливо во вторникот, а берзанските индекси останаа речиси непроменети, откако претседателот на американската централна банка Џером Пауел изјави дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки.
Индексот Dow Jones порасна за 0,28 отсто на 44.593 поени, додека S&P 500 порасна за 0,03 отсто на 6.068 поени. Индексот Nasdaq, пак, падна за 0,36 отсто, на 19.643 поени.
Вчера инвеститорите се фокусираа на извештајот на Пауел до Конгресот за економската состојба. Централната банка не треба да брза со дополнително намалување на каматните стапки, бидејќи економијата е силна, невработеноста е ниска, а инфлацијата останува над целното ниво од 2 отсто, рече претседателот на Fed.

Пазарот проценува дека Fed оваа година еднаш ќе ги намали каматните стапки, за 0,25 процентни поени, а можно е уште едно намалување пред крајот на годината.
Инвеститорите, исто така, се претпазливи бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со царини. Тој на почетокот од семицата воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум и рече дека наредните денови ќе донесе одлука за реципрочни царини на увозот од сите земји кои наплаќаат царини за американските производи.
„Вредностите се зголемени, деловните проценки на компанијата умерени, владината политика е нејасна, приказната за тарифите продолжува, а глобалните тензии се зголемени. Генерално, нивото на неизвесност е високо, а тоа води до зголемена нестабилност“, објаснува Тери Сандвен, стратег во компанијата „U.S. Bank Wealth Management“.
Меѓу најголемите губитници вчера беа акциите на „Tesla“, со пад на цената од над 6 отсто. Меѓу најголемите добитници, пак, беа акциите на „Coca-Cola“, со пораст на цената од речиси 5 отсто откако производителот на пијалаци ги објави своите квартални деловни резултати.
Досега, повеќе од половина од компаниите во индексот S&P 500 објавија финансиски извештаи, при што приближно 77 отсто од нив пријавија заработка поголема од очекуваната. Но аналитичарите велат дека тоа се должи на пониско поставените очекувања. Заработката на овие компании се зголеми за речиси 15 отсто на годишно ниво, додека пред две недели аналитичарите очекуваа раст на заработката под 10 отсто.
А на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Индексот STOXX 600 на најважните европски акции порасна за 0,2 отсто и достигна нови рекордни нивоа. Лондонски FTSE индекс се зголеми за 0,11 отсто, на 8.777 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,58 отсто, на 22.037 поени, а париски CAC за 0,28 отсто, на 8.028 поени.
Слични новости
BYD ја претстави новата технологија за брзо полнење електрични возила
Таканаречената „супер е-платформа“ ќе може да ги полни батериите со рекордна брзина од 1.000 киловати (kW),
Нафтата поскапе над 71 долар
Цените на нафтата се искачија над 71 долар за барел во понеделникот, бидејќи кинеските стимулации на потрошувачката и обновените тензии во Црвеното Море ги надминаа шпекулациите дека олеснувањето на американските санкции може да го отвори патот за зголемени испораки од Русија
Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина
Дозволите за увоз на повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи се на извозот од САД до најголемиот купувач во светот поради војната за царини