Американската амабасада во Киев денеска е привремено затворена„поради конкретни информации за потенцијално значаен воздушен напад“ во текот на денот, соопшти Стејт департментот.
„Од предострожност амбасадата ќе биде затворена, а на вработените им е наложено да се засолнат на сигурно. Амбасадата на САД им препорачува на граѓаните на САД да бидат подготвени веднаш да се засолнат во случај да се објави воздушна тревога“, се вели во соопштението.
Истовремено Укринформ известува дека во Киев е во сила воздушна тревога, а дека во украинската претсолнина се слушаат експлозии. Украинската војска ги предупреди граѓаните на беспилотни летала над Киев, а активирана е противвоздушната одбрана.
Слични новости
Трамп ги суспендираше федералните заеми и грантови
Белата куќа во вторникот наложи привремено суспендирање на сите федерални заеми и бесповратни средства, далекусежна одлука за која критичарите велат дека може негативно да влијае на програмите за образование и здравје, помош за домување, помош при катастрофи и бројни други иницијативи кои зависат од федералните пари
Српската влада не го издржа притисокот на студентските протести
Вучевиќ, кој е и претседател на владејачката Српска напредна партија (СНС), на вонредна прес-конференција рече дека поднесува оставка од функцијата шеф на владата поради „објективна одговорност“ за трагедијата во Нови Сад
Трамп нареди планирање на противракетната „Железна купола“ за САД
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша извршна наредба да започне со планирање на системот за воздушна одбрана „Железна купола“ за Соединетите држави, како оној што Израел го користи за пресретнување ракети