Американската амабасада во Киев денеска е привремено затворена„поради конкретни информации за потенцијално значаен воздушен напад“ во текот на денот, соопшти Стејт департментот.

 „Од предострожност амбасадата ќе биде затворена, а на вработените им е наложено да се засолнат на сигурно. Амбасадата на САД им препорачува на граѓаните на САД да бидат подготвени веднаш да се засолнат во случај да се објави воздушна тревога“, се вели во соопштението.

Истовремено Укринформ известува дека во Киев е во сила воздушна тревога, а дека во украинската претсолнина се слушаат експлозии. Украинската војска ги предупреди граѓаните на беспилотни летала над Киев, а активирана е противвоздушната одбрана.

Слични новости

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој

Какви се изгледите за мировен договор меѓу Русија и Украина

Какви се изгледите за мировен договор меѓу Русија и Украина

Анкетите покажуваат дека идејата за мировни преговори со Русија почнува да наидува на одобрување меѓу луѓето, дури и ако тоа значи загуба на територии во тој процес. Според анкетите, се повеќе Украинци се залагаат за мировни преговори, а намалена е и бројката на оние што се уверени дека на крај Украина ќе победи во војната.