Началниците на генералштабоите на околу триесетина земји кои се подготвени да дадат гаранции за безбедноста на Украина се собираат во четврток во Велика Британија за да разговараат за планот за одржување на мирот во случај на прекин на огнот.
На учесниците на состанокот ќе им се обрати британскиот премиер Кир Стармер, кој заедно со францускиот претседател Емануел Макрон се обидува да ја формира таканаречената „Коалиција на волни“ подготвена да придонесе на еден или друг начин за „зачувување на мирот“ во Украина преку нејзиното вооружување и друга воена помош.

Стармер во саботата на виртуелниот самит на околу триесетина лидери од Европа, Украина, Турција, Канада и Австралија рече дека состанокот во четврток ќе биде посветен на „оперативната фаза“ на нивниот план за одржување на мирот во Украина во случај на прекин на огнот.
Средбата се одржува во време кога рускиот претседател Владимир Путин како услов за прекин на огнот го постави запирањето на децениската западна воена помош за Украина, снабдувањето на Киев со разузнавачки и чувствителни сателитски податоци за цели во Русија, како и запирање на мобилизацијата во соседната земја.
Русија, исто така, остро ја отфрли идејата за распоредување странски трупи во Украина како дел од договорот за прекин на огнот, посочувајќи дека тоа ќе претставува директно мешање во воениот конфликт.
Кир Стармер и Емануел Макрон се обидуваат да соберат „Коалиција на волните“ откако американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец започна директни разговори со Русија за ставање крај на тригодишната војна. Стармер и Макрон сакаат безбедносни гаранции со поддршка од САД за да го одвратат Владимир Путин од прекршување на примирјето.
Путин се согласи во телефонскиот разговор со Трамп во вторникот да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура на 30 дена, но не дојде до целосен прекин на огнот. Тој побара прекин на вооружувањето на Украина и помош од Западот за Киев. Украина и Русија во средата меѓусебно се обвинија дека не сакаат да го прекинат конфликтот.
Стармер и Макрон ја изнесоа идејата за испраќање војници во Украина како дел од мировните сили доколку се договори прекин на огнот. Според британската влада, „значителен број“ земји се подготвени да го сторат тоа, но не беа дадени точни бројки, ниту беа посочени односните земји. Според Лондон, повеќе од 30 земји се подготвени да придонесат за оваа „Коалиција на волните“, на овој или оној начин. Учеството може да се состои од обезбедување логистичка и техничка помош за идните мировни сили или домаќин на учесниците во мисијата на нивната територија.
Слични новости
Макрон убеден дека ЕУ повторно ќе мора да прибегне кон заедничко задолжување
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во четвртокот вечерта дека е убеден дека Европската унија ќе мора повторно да прибегне кон заедничко задолжување за да го врати претходниот долг и за поголеми трошоци за одбраната
Зеленски следната седмица ќе се сретне со европските лидери во Париз
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде во Париз следната недела за да разговара со клучните европски лидери за тековните напори за ставање крај на војната
Израел започна операција во Рафах, ЕУ повикува на враќање на примирјето
Додека европските челници на самитот во Брисел повикаа на враќање на примирјето и враќање на заложниците, израелската војска доцна во четвртокот објави дека започнала копнена операција во кампот Шабура во градот Рафах, во јужниот дел од палестинската енклава Појасот Газа