Водачот на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), Абдула Оџалан, во изјавата објавена во неделата посочи дека ќе биде подготвен позитивно да придонесе за „новата парадигма“ што ја започна владата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Најавата беше објавена по првата посета по речиси десет години на членовите на прокурдската партија на Оџалан, кој е затворен од турските власти од 1999 година. Ова се смета за одговор на најновата иницијатива на ултра-националистичката Партија за националното движење (MHP), која ја поддржува Партијата на правдата и развојот (AKP) на Ердоган.

Иницијативата се однесува на ослободување на Оџалан под услов PKK да се разоружа. Политичките коментатори во земејата го гледаат тој чекор како можен почеток на нов мировен процес.

Изјавата на Оџалан ја соопштија Сири Суреја Ондер и Первин Булдан, пратеници на прокурдската партија DEM. Во саботата им беше дозволено да го посетат Оџалан првпат по повеќе години на затворскиот остров Имрали, југозападно од Истанбул.

Во изјавата Оџалан ги повика сите политички сили да дејствуваат конструктивно и да преземат иницијатива за да се обезбеди успешен „процес“, додавајќи дека најважната платформа за тоа е Националното собрание на Турција.

PKK, којашто покрај Турција и Европската унија и САД ја сметаат за терористичка организација, се бори против турската држава од 1980-те.

Ондер и Булдан во минатото беа вклучени во преговорите со Оџалан. Ондер ја прочита изјавата на лидерот на PKK на курдскиот новигодишен празник Невроз во 2013 година, во која тој ги повика борците на PKK да се повлечат. Примирјето беше прекинато во 2015 година.

globe

Слични новости

Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори

Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори

Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него