Секторот Санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и по добиените резултати информира дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи.

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот. 

globe

Слични новости

Над 160 вработени во Водовод ја привршуваат работата, во завршна фаза е санацијата на скопскиот Водовод

Над 160 вработени во Водовод ја привршуваат работата, во завршна фаза е санацијата на скопскиот Водовод

Операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод.
Полнењето веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа.

Изет Меџити: Артан Груби е во Албанија

Изет Меџити: Артан Груби е во Албанија

Вицепремиерот Изет Меџити во изјава за албанската телевизија Ора Њуз рече дека поранешниот владин функционер Артан Груби повеќе не е на Косово и се наоѓа во Албанија, пренесе МИА. „Со самото бегство тој ја докажува вината. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направи порача Меџити.

Поголем дел до Скопје денеска без вода

Поголем дел до Скопје денеска без вода

Поголем дел од Скопје денеска се соочува со прекин во водоснабдувањето поради сложениот оперативен план за санација на главниот водовод. Според информациите од „Водовод и канализација“, санацијата ќе заврши најдоцна за 15 часа.