На европските берзи во петокот претпладнето се тргува претпазливо, како и претходните денови, бидејќи инвеститорите се загрижени за царинската војна меѓу САД и Европската унија, додека индексите се на пат да остварат седмични загуби.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден, додека на седмично ниво е во минус за околу 2 отсто. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,16 отсто, на 8.555 поени, додека франкфуртски DAX ослабе за 0,06 отсто, на 22.555 поени, а париски CAC за 0,02 отсто, на 7.940 поени.

Инвеститорите се претпазливи, бидејќи стравуваат од ескалација на царинската војна меѓу САД и Европската унија.

Откако на почетокот од седмицата стапија на сила царините од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум во САД, Европската комисија најави контрамерки. Меѓу другото, царини од 50 отсто за увоз на американско виски. Како одговор, американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани со царини од 200 отсто за увоз на европски вина и жестоки пијалаци.

Покрај тоа што ескалацијата на царинската војна може да ја зголеми инфлацијата, инвеститорите стравуваат дека тоа негативно ќе влијае на меѓународната трговија и на економскиот раст.

А на азиските берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на азиските акции во истиот пресек од тргувањето како и во Европа порасна за 0,4 отсто. Јапонскиот индекс Nikkei порасна за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 0,5 и 2,4 отсто. Во Јужна Кореја, пак, благо паднаа.

Растот на повеќето индекси главно се должи на корекцијата на цените на акциите по остриот пад оваа седмица, бидејќи нема значајни вести од регионот за поддршка на пазарите. Во меѓувреме, кинеските берзи растат благодарение на неодамнешното ветување на владата дека наскоро ќе воведе нови мерки за стимулирање на економскиот раст.

globe

Слични новости

Нафтата поевтини кон 70 долари

Нафтата поевтини кон 70 долари

Цените на нафтата паднаа до 70 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи инвеститорите беа преокупирани со најавите за нови царини, засенувајќи ги знаците за поголема побарувачка во САД

Трамп се закани со царини од 200 отсто за алкохолите, ако ЕУ не ги укине царините за виски

Трамп се закани со царини од 200 отсто за алкохолите, ако ЕУ не ги укине царините за виски

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека ќе воведе царини од 200 отсто за сите вина и други алкохолни производи од Европската унија, доколку Унијата не ги укине царините за американското виски

Европските индекси се во пад поради неизвесноста околу царините на Трамп

Европските индекси се во пад поради неизвесноста околу царините на Трамп

Извршниот директор на Голдман Сакс Дејвид Соломон изјави дека лидерите на големите корпорации сакаат економската политика на администрацијата на Трамп да биде појасна, бидејќи како што рече „во моментов нивото на неизвесност е голем“.