На европските берзи се тргува претпазливо во четврток додека инвеститорите ги очекуваат одлуките на голем број европски централни банки за каматните стапки, при што цените на акциите во секторот недвижности и енергетика значително се зголемуваат, додека во туристичкиот сектор паѓаат.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 претпладнето порасна за 0,2 отсто, продолжувајќи го својот раст четврти трговски ден по ред и е на пат да закрепне од минатонеделниот пад од 1,12 отсто. Истовремено, лондонски FTSE порасна за 0,34 отсто, на 8.736 поени, додека германскиот DAX падна за 0,15 отсто, на 23.254 поени, а париски CAC за 0,17 отсто, на 8.157 поени.

Германскиот DAX така го прекина силниот подем средата и продолжи да се намалува во четвртокот бидејќи се чини дека инвеститорите „купуваат гласини, продаваат факти“ откако германскиот парламент во вторникот гласаше за давање исклучоци од правилата за задолжување на земјата, дозволувајќи огромни инвестиции во одбраната и инфраструктурата. Оваа објава резултираше со значително зголемување на цените на акциите на големите германски индустриски, производствени и воени компании во првиот дел од седмицата.

Учесниците на пазарот очекуваат британската централна банка Bank of England (BoE) најверојатно да ги задржи каматните стапки на состанокот подоцна во текот на денот, бидејќи поблиску го оценува влијанието на трговските тарифи на американскиот претседател Доналд Трамп и претстојното зголемување на даноците за работодавците воведени од британската влада.

Се очекува и шведската централна банка Riksbank да ги задржи стапките на сегашното ниво, додека Швајцарската народна банка (SNB) ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на 0,25 отсто, откако веќе ги намали каматните стапки за половина процентен поен во декември.

„Со денешното прилагодување на стапката, SNB гарантира дека монетарните услови остануваат соодветни, со оглед на нискиот инфлациски притисок и зголемените надолни ризици за инфлацијата“, се вели во соопштението на SNB.

Најмногу пораснале цените на акциите на компаниите кои се занимаваат со недвижности и тоа за 0,7 отсто, а потоа следи секторот нафта и гас за 0,6 отсто. Од друга страна, најголем пад забележаа акциите во туристичкиот сектор, со просечен пад од 0,5 отсто.

Токиската берза денеска беше затворена поради празници во Јапонија.

globe

Слични новости

Волстрит падна втор ден по ред поради царините

Волстрит падна втор ден по ред поради царините

Цените на акциите паднаа на Волстрит во четвртокот, втор ден по ред, додека инвеститорите анализираа како царините за увоз на автомобили во САД ќе влијаат на локалната автомобилска индустрија

Цените на нафтата близу 74 долари

Цените на нафтата близу 74 долари

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари во четвртокот близу 74 долари, што ги одразува поделените проценки на инвеститорите за можното влијание на новите американски царини врз побарувачката на горива