Опозициската СДСМ соопшти дека одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на власта.

„Поминаа 14 дена и се уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регонот, како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница и кој ќе одговара. Овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко-скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски“, велат од опозицијата.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Зоран Заев и Венко Филипче. 

„Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа“, велат од владејачката партија.

 

Слични новости

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.