ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека две недели не ги објавува анкетите што ги најавил, а кои, според партијата, требало да покажат раст на рејтингот на СДСМ и пад на довербата во ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија велат дека резултатите од изборите во Брвеница ја покажале, како што наведуваат, реалната поддршка за политичките партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ загубил со разлика од четири спрема еден.
„Додека Филипче зборува за наводен раст на поддршката на СДС, во партија се повеќе се јавуваат фракции и се поголемо е незадоволството на нивнито членство. Филипче да не се крие зад необјавени анкети и да ја замајува јавноста со празни ветувања. Политичката доверба не се гради со измислен оптимизам, туку со резултати и одговорност“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Слични новости
Најава за протест на професионалните војници
Независниот синдикат на професионални војници упати остри критики кон министерот за одбрана Владо Мисајловски и најави протест пред Владата на 7 ноември.
И ЛДП побара одговорност од владата за бегството на Ива Михајлова
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.
Продолжува судењето за „Пулс“ – одбраната изведува докази
На претходното рочиште, Обвинителството вкрстено го испрашуваше вештакот Петре Русески, кој остана на ставот дека објектот не претрпел реконструкција или пренамена, туку само ентериерно уредување.


