ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека две недели не ги објавува анкетите што ги најавил, а кои, според партијата, требало да покажат раст на рејтингот на СДСМ и пад на довербата во ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека резултатите од изборите во Брвеница ја покажале, како што наведуваат, реалната поддршка за политичките партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ загубил со разлика од четири спрема еден.

„Додека Филипче зборува за наводен раст на поддршката на СДС, во партија се повеќе се јавуваат фракции и се поголемо е незадоволството на нивнито членство. Филипче да не се крие зад необјавени анкети и да ја замајува јавноста со празни ветувања. Политичката доверба не се гради со измислен оптимизам, туку со резултати и одговорност“, пишува во соопштението  од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава