За донесување на скандалозната одлука за запирање на истрагата за мазутот вреден 167 милиони евра, функционирал тандем обвинители Абази-Коларевиќ, коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДСМ, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и корупција – обвини денеска на прес-конференција Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дури и во прибирањето на докази можевме да забележиме дека овие обвинители биле селективни. Со вчерашниот демант на ЕСМ станува јасно дека обвинителите Абази и Коларевиќ повеќе се занимавале со земање на изјави од некомпетентни лица наместо да истражуваат сериозно и да обезбедат докази за оваа набавка на мазут скапа 167 милиони евра – рече Милошоски.

За Абази и Коларевиќ сметаме дека не се достојни на функцијата да бидат во Јавното обвинителство за гонење на криминал и корупција, затоа што и двајцата имаат свои лични, семејни или политички долгови за нивниот кариерен напредок, а истите се поврзани со политичките партии ДУИ и СДСМ, изјави Милошоски.

Слични новости

Синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите од делото

Синот кој го убил таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите од делото

Обвинителството денеска соопшти дека 33-годишникот кој беше лишен од слобода, се обидел максимално да ги прикрие трагите од злосторството. Планот му пропаднал откако анонимна пријава од странски број ја донела полицијата на неговата врата.