За донесување на скандалозната одлука за запирање на истрагата за мазутот вреден 167 милиони евра, функционирал тандем обвинители Абази-Коларевиќ, коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДСМ, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и корупција – обвини денеска на прес-конференција Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дури и во прибирањето на докази можевме да забележиме дека овие обвинители биле селективни. Со вчерашниот демант на ЕСМ станува јасно дека обвинителите Абази и Коларевиќ повеќе се занимавале со земање на изјави од некомпетентни лица наместо да истражуваат сериозно и да обезбедат докази за оваа набавка на мазут скапа 167 милиони евра – рече Милошоски.

За Абази и Коларевиќ сметаме дека не се достојни на функцијата да бидат во Јавното обвинителство за гонење на криминал и корупција, затоа што и двајцата имаат свои лични, семејни или политички долгови за нивниот кариерен напредок, а истите се поврзани со политичките партии ДУИ и СДСМ, изјави Милошоски.

Слични новости

СДСМ : Мицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

СДСМ : Мицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со неговите јавни изјави за можни идни судски процеси против поранешни функционери на опозицијата испраќа политички пораки и врши притисок врз правосудството.