Очигледно Венко Филипче е сервилен слуга на Зоран Заев, а Заев ја даде СДСМ под кирија на Румен Радев, објави ВМРО ДПМНЕ во партиско соопштение.  

Како што имаше директни сведоштва од Бугарија дека Заев добил пари од Софија, а за возрат ветувал прислушувани разговори, со кои тргувал пред да стане премиер, и ветувања за други бизниси, сега е многу веројатно дека Заев ја користел Софија за перење на криминално стекнат капитал поради што е уценет и сега одработува за Бугарија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение.

Притисоците од СДСМ за прифаќање на бугарските диктати не се ништо друго освен одработување на уценетите предавници и котиња, Заев и Филипче. Овие уценети котиња сакаат сега да ја фрлат Македонија на колена со нови предавства. Затоа им смета ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде брана за предавничките политики на котињата Заев и Филипче“ – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Слични новости

Германско-македонски бизнис самит

Германско-македонски бизнис самит

Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје.

Ален Берсе, генералниот секретар на Советот на Европа во посета на Македонија

Ален Берсе, генералниот секретар на Советот на Европа во посета на Македонија

За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ресорни министри, а планирани се и повеќе активности поврзани со унапредувањето на соработката со оваа меѓународна организација.