Владејачката ВМРО-ДПМНЕ упати повик до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да престане да се фокусира на изборни процеси во други држави и да започне со внатрешно прочистување на партијата, за која велат дека по последните изборни резултати се наоѓа на работ на политичко исчезнување.

Повикот доаѓа откако денеска од опозициската партија рекоа дека по поразот на изборите на доскорешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во ЕУ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека актуелното раководство на СДСМ треба да се огради од Зоран Заев и „сите нему блиски сомнителни проруски бизнис-партнери во матни и криминални зделки“ за, како што велат, партијата да застане на свои нозе.

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.