Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 96,94% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во Скопје и во 21 општина. Коалицијата ВРЕДИ во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга.
ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.
Коалицијата ВРЕДИ води во Тетово, Боговиње, Дебар и Долнени, додека, кандидатите на СДСМ имаат водство во Центар, Македонска Каменица и Зрновци.
Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во Студеничани, а независниот каднидат Менди Ќура во Струга.
Кандидатот на ЗНАМ води во Куманово, а на Унијата на Роми во Шуто Оризари.
Гласањето во вториот круг се одвиваше во 32 општини и во Град Скопје.
Слични новости
Регистрирани нови 38 случаи на ХИВ/СИДА гоиднава во Македонија, осум лица починале
Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА
Утрово најстудено во Скопје -2, дневната темепратура од 7 до 13 степени
Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови – 1, додека во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија нула степени
Илир Демири го напушти Европскиот фронт, ќе делува како независен пратеник
Пратеникот Илир Демири официјално го известил претседателот на Собранието Африм Гаши, дека ќе продолжи да делува како независен пратеник


