ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение повторно го критикуваше лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека се залага за спроведување на уставни измени без претходно обезбедени гаранции од Европската Унија.
Од владејачката партија соопштуваат дека Филипче ја продолжува политиката на поранешното раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев, која, според нив, довела до отстапки без соодветни гаранции за напредок на државата во евроинтегративниот процес.
Во соопштението се наведува дека Македонија нема да прифати нови уставни измени без јасни и цврсти гаранции од Европската Унија, како и без исполнување на обврските од страна на Бугарија, вклучително и спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Слични новости
За викендов облачно со дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има и невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.
Ризикот од појава на хантавирус во Македонија е низок
Низок е ризикот од појава и ширење на ханатвирусот во Македонија, оцени Комисијата за заразни болести која денеска ја разгледа состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки.
Двајца претставници на ЕСМ сведочеле дека нема штета од зделките со мазутот на РКМ
Помошник директор за производство на електрична енергија и советник за комерцијални работи биле сведоците од ЕСМ кои сведочеле дека државната компанија не претрпела штета од јавните набавки на мазутот за ТЕЦ Неготино, потврди обвинителката Катерина Коларевиќ за Телма.


