ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение повторно го критикуваше лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека се залага за спроведување на уставни измени без претходно обезбедени гаранции од Европската Унија.

Од владејачката партија соопштуваат дека Филипче ја продолжува политиката на поранешното раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев, која, според нив, довела до отстапки без соодветни гаранции за напредок на државата во евроинтегративниот процес.

Во соопштението се наведува дека Македонија нема да прифати нови уставни измени без јасни и цврсти гаранции од Европската Унија, како и без исполнување на обврските од страна на Бугарија, вклучително и спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

 

Слични новости

ВМРО избра нов портпарол и претседатели на општински комитети

ВМРО избра нов портпарол и претседатели на општински комитети

Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде што доаѓаат, а другиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи, велат од партијата.