Во Кавадарци денеска се одржува 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се очекува да биде реизбран за претседател Христијан Мицкоски – единствениот кандидат за функцијата.
На Конгресот под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се очекува да присуствуваат 2.600 лица, од кои 850-860 делегати и 1.700-1.800 гости и на него треба да биде донесена „Стратегија Македонија 2030“.
Според партискиот лидер, премиерот Христијан Мицкоски, ова ќе биде до сега најмасовен конгрес, ќа има и обраќања од неколку сестрински партии.
Мицкоски најави дека доколку биде избран тоа ќе биде негов последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Статутот на партијата предвидува една личност да може да биде реизбрана за претседател најмногу три мандати.
ВМРО-ДПМНЕ вчера во пресрет на конгресот соопшти дека Стратегијата „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ содржи правци за дејствување, развој и државно водство, како и пропратни документи.
Слични новости
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани
Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


