ВМРО ДПМНЕ е убедлив победник на локалните избори во Македонија со градоначалници во мнозинството општини во Македонија и градот Скопје. По долги години ВМРО-ДПМНЕ има свој градоначалник и во Кичево, Струмица и Карпош, а ја однесе победата во сите скопски општини со мнозинско македонско население освен Центар.
Кај албанскиот политички блок ДУИ беше поразен во сите значајни општини, а Влен има градоначалници во Тетово, Чаир, Струга, Дебар и ја доби пресметката со ДУИ во сите значајни албански општини, така што со само три мали општини ДУИ е еден од најголемите губиници на изборите.
СДСМ освои шест градоначалнички места за разлика од 16-те што ги имаа на претходните избори, кога по поразот тогашниот лидер на партијата Зоран Заев поднесе оставка.
ЗНАМ освои само една општина Куманово, каде што победи лидерот на партијата Максим Димитриевски во вториот круг, потешко од очекувањата и со ниска излезност.
Левица не освои ниту едно градоначалничко место, но голем успех за партијата беше што нивниот кандидат Амар Мециновиќ се пласираше во вториот круг за градоначалник на Скопје, каде што освои над 60 000 опозициски гласови.
Карактеристично за овие избори е слабиот одзив на избирачите од едвај 40 насто во вториот круг и голем број на неважечки ливчиња, што укажува на јасен тренд на незадоволство на граѓаните од политичките процеси во земјата.
Слични новости
Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчани
Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Гевгелија – 19 литри на квадратен метар, а најмалку еден литар во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчан
Грција: Поплавени патишта, домови и институции
Противпожарната служба доби најмногу повици за испумпување вода и транспорт на луѓе на безбедни места од области на Западна Атика
Владата го реактивира разрешувањето на јавниот обвинител Коцевски
До крајот на месецот владата ќе го активира разрешувањето на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во Собранието, потврди премиерот Христијан Мицкоски


