Филипче продолжува да биде спотер на Заев и да се потпира на кадри кои се сметаат како дел од политичкиот круг на Заев. Тој поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви.
Изборот на Александар Трајановски за потпретседател на партијата е токму тоа, Трајановски е човек од шинелот на Заев, соопштува ВМРО ДПМНЕ.
Александар Трајановски е истиот тој кој летото заедно со Заев и Филипче се луксузираа на скапи јахти во Грција додека Заев ги бираше кандидатите за градоначалници. Трајановски и покрај тоа што ги изгуби изборите во Аеродром е поставен за потпретседател бидејќи е избор на Заев за да може слободно да течат бизнисите и да продолжи контролата на СДСМ во сенка.
Овој потег на Филипче само ја зацврстува перцепцијата дека кадровските одлуки во СДСМ сè уште се диктираат од Заев.
На Македонија и е неопходна конструктивна опозиција. Неопходно е дистанцирање на старите структури на моќ, превземање одговорност и реформи, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


