Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на локалните избори освои најголем број гласови и за советнички листи на ниво на државата, додека втори се Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).

Имено, според првичните неофицијални резултати, ВМРО-ДПМНЕ има освоено вкупно околу 301.000 гласа на гласањето за советнички листи на државно ниво, односно во сите 80 општини.

Нивниот најголем политички ривал, опозицискиот СДСМ, пак, заостанува за повеќе од половина од гласовите што ги има добиено ВМРО-ДПМНЕ. За социјалдемократите во изборите за советници гласале околу 125.000 граѓани.

Трета по ред е коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, која има добиено нешто повеќе од 114.000 гласа за советнички листи.

Нивниот главен политички ривал, владејачката коалиција ВЛЕН, според првичните неофицијални податоци на Државната изборна комисија, има освоено околу 92.000 гласа за листите за советници.

Политичката партија Левица, пак, ја добила поддршката на околу 58.000 гласачи.

Владејачката ЗНАМ ги добила гласовите на околу 39.000 гласачи, додека коалицијата ГРОМ–ЛДП, околу 13.000 гласови.

Ова за податоци добиени врз основа на обработени 3.471 избирачко место, од вкупно 3.474 или во проценти – 99,91 отсто.

Според податоците на ДИК, објавени на нивната веб-страница, ажурирани утрово, на вчерашните локални избори за советници гласале 883.937 граѓани.

Бројот на важечки гласачки ливчиња, како што може да се види од овие податоци, е 833.984, додека неважечки се 49.957 ливчиња.

Излезеноста е 48,29 отсто, врз основа на бројот на обработени избирачи кои гласале.

globe

Слични новости

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски