Во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Венко Филипче, како што тврдат од партијата, „се претставува како специјален бугарски пратеник“ и дека единствено тој смета оти уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија.

Од партијата оценуваат дека Филипче, „воден од желбата да дојде на власт“, зазема ставови поврзани со евроинтегративниот процес и уставните измени.

Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои веруваат само СДС и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што го негира и македонскиот јазик, при што вели дека потекнува од бугарскиот и дека постои од 1945 година.

 

Слични новости

Заемот од 260 милиони евра пред пратениците

Заемот од 260 милиони евра пред пратениците

Собранието денеска ќе ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред се преостанатите три точки, меѓу кои и предлог-законот за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра, по скратена постапка.