ВМРО ДПМНЕ го обвини Венко Филипче дека е пион на Румен Радев и дека е главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум. Партијата соопштува дека СДСМ и Филипче водат „сервилна и поданичка политика кон туѓи интереси“, продолжувајќи ја политиката на поранешните премиери Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче ги поддржува ставовите на официјална Бугарија во однос на уставните измени и евроинтегративниот процес на земјата.

Во реакцијата се посочува и дека бугарскиот претседател Румен Радев, според ВМРО-ДПМНЕ, јавно најавувал дека по евентуалните уставни измени ќе следуваат и нови барања кон Македонија.

 

Слични новости