„Потребен е дијалог, а Бугарија да ги исполни своите обврски, вклучително и почитувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права“, соопшти ВМРО ДПМНЕ.  

Од владејчаката партија ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) и нејзиниот лидер, Венко Филипче, нудат политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, наместо заштита на македонските национални интереси.

Ова следи по вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на земјава.

Тој на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски рече дека усвојувањето на договорените уставни измени останува клучен услов за формален почеток на пристапните преговори.

Во партиското соопштение се нагласува дека европската интеграција на државата не смее да биде процес во кој само Македонија ги исполнува обврските, додека другата страна останува без одговорност.

„Националните интереси и идентитет не смеат да бидат предмет на преговори и отстапки. Времето на еднострани отстапки заврши, време е за реципроцитет“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични новости

Одбраната на Богоев поднесе жалба, смета дека притворот е непотребен

Одбраната на Богоев поднесе жалба, смета дека притворот е непотребен

Богоев заедно со уште три лица се гонат дека ја изиграле постапката и ја фаворизирале фирмата РЕМОНДИС МЕДИСОН од Битола која го добила договорот за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали вреден над 300 илјади евра. Кривичниот суд им изрече притвор од 30 дена.

Битиќи: Владата прави економска бајка додека граѓаните се соочуваат со високи цени и ниски плати

Битиќи: Владата прави економска бајка додека граѓаните се соочуваат со високи цени и ниски плати

Мицкоски се обидува од една статистичка бројка да направи економска бајка, додека граѓаните секој ден се соочуваат со сè потежок животен стандард и сè повисоки цени, рече денеска на прес конференција потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи