„Потребен е дијалог, а Бугарија да ги исполни своите обврски, вклучително и почитувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права“, соопшти ВМРО ДПМНЕ.  

Од владејчаката партија ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) и нејзиниот лидер, Венко Филипче, нудат политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, наместо заштита на македонските национални интереси.

Ова следи по вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на земјава.

Тој на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски рече дека усвојувањето на договорените уставни измени останува клучен услов за формален почеток на пристапните преговори.

Во партиското соопштение се нагласува дека европската интеграција на државата не смее да биде процес во кој само Македонија ги исполнува обврските, додека другата страна останува без одговорност.

„Националните интереси и идентитет не смеат да бидат предмет на преговори и отстапки. Времето на еднострани отстапки заврши, време е за реципроцитет“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични новости

ЕСМ лани согореле повеќе мазут, што ја чинело компанијата над 30 милиони евра

ЕСМ лани согореле повеќе мазут, што ја чинело компанијата над 30 милиони евра

За мазутот електрани дале вкупно 33,3 милиони евра за потребите на двете централи. Во извештајот на компанијата за 2025 пишува дека ЕСМ морал да користи повеќе мазут, поради неквалитетниот јаглен кој е примарен за производство на струја.