„Потребен е дијалог, а Бугарија да ги исполни своите обврски, вклучително и почитувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права“, соопшти ВМРО ДПМНЕ.
Од владејчаката партија ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) и нејзиниот лидер, Венко Филипче, нудат политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, наместо заштита на македонските национални интереси.
Ова следи по вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на земјава.
Тој на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски рече дека усвојувањето на договорените уставни измени останува клучен услов за формален почеток на пристапните преговори.
Во партиското соопштение се нагласува дека европската интеграција на државата не смее да биде процес во кој само Македонија ги исполнува обврските, додека другата страна останува без одговорност.
„Националните интереси и идентитет не смеат да бидат предмет на преговори и отстапки. Времето на еднострани отстапки заврши, време е за реципроцитет“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Слични новости
Мицкоски бара Брисел да усвои нов заклучок за Македонија со гаранции дека нема да има нови условувања
Ако европските политичари се едногласни дека нема да има нови условувања, тогаш најмалку што можеме да добиеме ние како држава е да добиеме нози заклучоци во кои ќе ставиме се. На тој начин ќе се потврди поддршката и довербата, порача Мицкоски.
Мицкоски неофицијално го промовира Неделчо Крстевски за градоначалник на Карпош
На отварање на базен во општина Карпош, Мицкоски го ословуваше Неделчо Крстевски со градоначалник.
Антонио Кошта утре во Македонија
Премиерот Мицкоски изјави дека за време на посетата на Кошта на Скопје очекува да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграција на државата во Европската Унија од, како што рече, вештачко билатерално барање на една земја членка.


