ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и од ЗНАМ подготви и поднесе Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, составена од девет точки со која еднаш засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигранти, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Со Резолуцијата, како што посочи, се осудува секое манипулативно однесување и се утврдува дека се става крај на сите шпекулации и лажни манипулации со наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови за мигранти во државата и со која јасно и недвосмислено се исцртува рамка на мигрантската политика.
„По ширењето на лажни вести, невистини и манипулации од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија подготви резолуција со која еднаш засекогаш ставаме точка на измислената тема за мигранти од СДСМ. Со оваа Резолуција потврдуваме дека Владата и Собранието никогаш нема да дозволат да се преговара за мигранти. Граѓаните да бидат спокојни, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за безбедноста на народот“, изјави Мицевски.
Резолуцијата, како што појасни Мицевски, е поднесена денеска и се очекува веќе утре да се најде на дневен ред.
Во однос на резолуцијата од СДСМ, и дали ја разгледале, Мицевски рече дека не веруваат во чесна намера и од таа причина ја поднесуваат оваа Резолуција во која се наведуваат сите потребни елементи.
Слични новости
СДСМ поднесе пријава во Антикорупциска за потеклото на парите на Ивица Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска), околу случајот на „Сити Аутсорсинг“
СДСМ утре ќе го избере новото партиско раководство
Утре ќе биде познато новото раководство на СДСМ, најави партискиот лидер Венко Филипче. На негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе контра Резолуција на предлогот на СДСМ за мигрантите
ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе поднесе „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, соопшти владејачката партија


