Државата платила 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека проектот за железничкиот Коридор 8 со години стои незавршен, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на наодите од Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Според владејачката партија, ревизорите утврдиле крајно неефикасно управување со стратешките инфраструктурни проекти за време на мандатот на СДСМ и ДУИ бидејќи првата и втората фаза од железницата воопшто не се завршени, а роковите се целосно пробиени, со што наместо модерна инфраструктура, граѓаните добиле само милионски трошоци и нови државни долгови.

Токму поради ваквите наоди, од ВМРО-ДПМНЕ побараа од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да постапи по констатациите на ДЗР. 

Слични новости

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи