Од коалицијата ВЛЕН соопштија дека по 9 мај ќе започне ново политичко преструктуирање во албанскиот политички блок. Петте политички субјекти од кои е составен ВЛЕН ќе дејствуваат како една политичка сила, откако од 9 мај ВЛЕН ќе се трансформира во политичка партија.
Оттаму најавуваат обединување во една политичка сила, зашто сметаат дека само организирана, дисциплинирана и обединета сила може да го заштити албанскиот глас и да ја затвори ерата на фрагментации, уцени и задкулисни игри.
Новата политичка платформа, како што наведуваат од коалицијата, ќе се залага за владеење на правото, нулта толеранција за корупција, независно судство, европска интеграција, партнерство со НАТО, како и заштита на семејните и културните вредности.
Слични новости
Обвинителството поднесе кривични пријави за сопствениците на АСД метал груп, одговорни за пожарот во Визбегово
Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против три лица, директорката на АСД метал груп, неформалниот сопственик на компанијата и уште едно лице. Обвинителството ги товари за Загрозување на животната средина и природа со отпад, дело за кое може да добијат до 10 години затвор.
ССМ денеска на протест пред Стопанската комора
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов изјави дека синдикалците се под притисок и дека луѓето што излегуваат на протести се заокружуваат и се следат.
Бислимоски поднесе оставка од претседателската функција на РКЕ
Бислимоски во оставката не ги навел причините за повлекувањето. Неодамна Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување