Партиjaтa „нон-грата’ ДУИ уште еднаш докажува дека е пропадната партија без идеали. ДУИ, која со години го блокираше патот на Македоноја кон Европската унија, бара отчет зошто ВЛЕН за шест месеци не го деблокира европскиот пат, реагираат од ВЛЕН на вечершните изјави на Али Ахмети.

„Партијата нон грата ДУИ, која со години молчеше за реформите во правосудството и кога ЕУ ги раздели Албанија и Северна Македонија на патот кон ЕУ, денес бара овие работи да се средат преку ноќ со магично стапче. Им велиме дека да, Северна Македонија ќе биде членка на Европската Унија, но никогаш со антиамериканска партија како ДУИ во Владата“, се додава во објавата на ВЛЕН.

„ДУИ нон-грата, партијата која го уништи правосудниот систем во земјава, се втурна во корупција и организиран криминал, повикува на европските вредности. Партија која 20 години, освен што не мрдна ниту еден камен на патот кон Европската Унија (ЕУ), го уриваше секој мост што го поврзуваше нашето општество со ЕУ, со партизација до крајност на судството, истовремено со обид за амнестија на лица нон грата како Груевски и Мијалков“, се наведува.

Коалицијата ВЛЕН посочува дека се „силно ангажирани“ во спроведувањето на обврските од ЕУ и дека го очекуваат „последниот момент од формирањето на политичката Влада во Бугарија“ за да се затвори спорот со Бугарија и конечно да се отвори поглавјето од преговорите со ЕУ.

„Оние кои беа повикани на европските вредности, ја пополнуваат американската црна листа! Коалицијата ВЛЕН се залага за лечење на раните кои ДУИ ни ги остави како товар. Заздравувањето на овие рани во државните институции бара време. Во рамките на овој мандат, Северна Македонија ќе ги отвори преговорите со ЕУ и ќе биде многу блиску до полноправно членство во ЕУ“, велат од коалицјата.

globe

Слични новости

Католиците и дел од православните денеска го слават Раѓањето Христово – Божиќ, света литургија во католичката црква во Скопје

Католиците и дел од православните денеска го слават Раѓањето Христово – Божиќ, света литургија во католичката црква во Скопје

Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божиќна полноќна света литургија.

Ладниот циклон доаѓа во Македонија со врнежи од снег

Ладниот циклон доаѓа во Македонија со врнежи од снег

Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од север, поврзан со Средоземниот циклон кој значително влијае на времето во Македонија, во следните три дена, односно до петок на повеќе места ќе донесе врнежи од снег