На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВЛЕН не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект.

Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила, соопшти Влен.

Од партијата која е дел од владината коалиција соопштија дека обидот на лидерот на ДУИ Али Ахмети да ги обедини партиите од коалицијата НАИ во единствен политички субјект пропаднаа, што е уште еден показател на кризата во овој политички блок.

Од една страна е ВЛЕН, со јасна визија за реформи и развој, од друга страна е ДУИ, нереформирана и оптоварена со скандали, порачуваат во ВЛЕН.

Слични новости

Бројот на заболени од грип се намалува

Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.