„Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. Нивната деструктивност и нагон за самоуништување зазема загрижувачки размери. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор, се вели во соопштението на ВЛЕН.

Со нивното криминално владеење цели 22 години во Владите на СДСМ и ВМРО станаа најлошиот можен претставник на Албанскиот глас.

Албанците повеќе не сакаат да бидат претставувани од луѓе кое злоупотребувале и проневериле ЕУ фондови и не им обезбедиле на граѓаните чиста вода за пиење“, се вели во денешното соопштение на ВЛЕН.

Слични новости

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка

По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши