Првпат по седум години пропаст и стагнација на македонската економија, конечно државата бележи раст на бруто домашниот производ (БДП) од 3 отсто во третото тромесечје од 2024 година. Како Владата ветивме фуриозен почеток и домаќинско работење и тоа се реализира, аведуваат во соопштение денеска од Владата.
„Доаѓаат првите резултати, според Државниот завод за статистика, раст на бруто домашниот производ во третото тромесечје односно месеците јули, август и септември од 3 проценти. Раст на БДП од 3 проценти за македонската економија, велат дека е највисок споредбено со земјите од регионот и Европа.
Споредбено само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, додека пак во регионот помала стапка на раст во третиот квартал има две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија од 2,4 проценти.
Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, додека пак Словенија има 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија и други држави.
Како Влада очекуваме раст на БДП и во четвртиот квартал со што на годишно ниво би се доближиле од 3 проценти, што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти на Светска банка.
Како Влада преземаме активности и насочени сме кон реализација на капитални инвестиции, како и привлекување на странски директни инвестиции се со цел да ја придвижиме економијата и да поттикнеме економскиот развој. Ветивме и се обврзавме како Владата дека ќе ја трансформираме Македонија напред“, стои во сопштението.
Овие бројки, дополнуваат, се показател дека Владата работи посветено, одговорно и ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните. – Економијата е најважниот сегмент на работата на Владата.
Слични новости
Скопје утрово е најзагадениот град во Европа
На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Акра, Дака, Кабул, а потоа е Скопје. Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“, главниот град на Македонија утрово е најзагаден град во Европа.
Најстудено во Берово, најтопло во Дебар
Во седум часот, висината на снежната покривка во сантиметри изнесувала 33 на Попова Шапка, 24 – Маврови Анови.
Доларот зајакна, цената на нафтата падна
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,45 поени