Владата на денешната седница се очекува да донесе одлука да се проверува секоја фирма за одгледување на марихуана за медицински цели, откако ова го најави премиерот Христијан Мицкоски.

Таквата одлука следи по заплената на 40 тони марихуана во Скопје и струмичкиот регион, а премиерот уште еднаш повтори дека очекува заплената да достигне и до 100 тони.

Мицкоски како проблем го посочи донесувањето на правилникот, односно подзаконскиот акт од страна на претходната влада на СДСМ и ДУИ за да се одгледува цвет од марихуана кој не ги задоволува потребните норми.

„Биле свесни дека тоа ќе се случи и ако не ги задоволува тие норми, логично е дека со негово користење или во процесот на екстракција, маслото кое што се произведува не може да биде лиценцирано и да се најде во продажба, односно да биде пуштено во промет. Тоа им било многу јасно на тие што го носеле тој правилник“. 

„Вистинското прашање е кој бил мотивот да се донесе таков правилник ако вие знаете дека не може да го постигнете квалитетот за да произведете масло кое што ќе се продава на пазарот и кое што ќе ги исполнува нормите“, рече Христијан Мицкоски.

 

Слични новости

Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик

Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик

Ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Safe City“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.