„Доколку работниците и работодавачите се договорат за 30 илјади денари минимална плата, со целосно подмирени трошоци од работодавачите, ние тоа ќе го прифатиме и немаме против“, порача премиерот Христијан Мицкоски при посетата на скопската населба Илинден.
Според премиерот, дали минималната плата ќе скокне на 500 евра зависи од договорот којшто треба да го постигнат синдикатите со работодавачите на Економско-социјалниот совет.

Владата и премиерот го ставаат под знак прашање легитимитетот на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и најавуваат дека треба да се формира Комисија за утврдување на репрезентативноста, која што би утврдила кој од синдикатите ги исполнува условите за преговори согласно правилникот. Премиерот најави дека на следната владина седница ќе бидат предложени три члена од министерствата за економија и труд, социјална политика и правда.
„Доколку се избере и доколку тој заедно со работодавачите се сложат за 30 илјади денари, каде работодавачите целосно ќе ги исплатат придонесите, ние ќе го прифатиме“, вели премиерот.
Тој оцени и дека синдикатот се претвора во „партиска бина“, гласноговорник на коалиција СДСМ, Левица и ДУИ, откако тие деновиве предложија зголемување на платите на вработените во износ од 3.000 до 15.000 денари, односно просечно 7.500 денари.
„Жалам што во минатото изостана овој предлог. Им текна по седум години и мислат дека сега ќе го исцрпат буџетот, дека ќе дадеме 100-200 милиони за да нема за улици, градинки, училишта, канализации. Ние сме Влада која го поддржа стопанството со 250 милиони евра, за да обезбеди работни места за работниците“, дециден е премиерот.
Слични новости
Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани
Во Кочани денеска ќе им биде оддадена последна почит на загинатите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. На плоштадот се уште има граѓани кои палат свеќи и се запишуваат во книгата на жалост.
Подобрена состојбата на еден пациент на ВМА во Белград, тешка кај останатите
Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои шест се на Интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна.
МПЦ-ОА апелира за достоинствено и христијанско однесување на погребите
На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани 30-тина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево.