„Доколку работниците и работодавачите се договорат за 30 илјади денари минимална плата, со целосно подмирени трошоци од работодавачите, ние тоа ќе го прифатиме и немаме против“, порача премиерот Христијан Мицкоски при посетата на скопската населба Илинден.

Според премиерот, дали минималната плата ќе скокне на 500 евра зависи од договорот којшто треба да го постигнат синдикатите со работодавачите на Економско-социјалниот совет.

Владата и премиерот го ставаат под знак прашање легитимитетот на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и најавуваат дека треба да се формира Комисија за утврдување на репрезентативноста, која што би утврдила кој од синдикатите ги исполнува условите за преговори согласно правилникот. Премиерот најави дека на следната владина седница ќе бидат предложени три члена од министерствата за економија и труд, социјална политика и правда.

„Доколку се избере и доколку тој заедно со работодавачите се сложат за 30 илјади денари, каде работодавачите целосно ќе ги исплатат придонесите, ние ќе го прифатиме“, вели премиерот.

Тој оцени и дека синдикатот се претвора во „партиска бина“, гласноговорник на коалиција СДСМ, Левица и ДУИ, откако тие деновиве предложија зголемување на платите  на вработените во износ од 3.000 до 15.000 денари, односно просечно 7.500 денари.

„Жалам што во минатото изостана овој предлог. Им текна по седум години и мислат дека сега ќе го исцрпат буџетот, дека ќе дадеме 100-200 милиони за да нема за улици, градинки, училишта, канализации. Ние сме Влада која го поддржа стопанството со 250 милиони евра, за да обезбеди работни места за работниците“, дециден е премиерот.

globe

Слични новости

Филков од Љубљана: Сега е моментот кога ЕУ мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан

Филков од Љубљана: Сега е моментот кога ЕУ мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан

Пред нас е важен период кога мораме да покажеме политичка волја, лидерство и посветеност за спроведување на сите овие реформи. Европската Унија и нејзините институции треба да продолжат да ја поддржуваат оваа амбиција, да покажат лидерство во решавањето на билатералните и регионалните проблеми, и да ја продолжат својата поддршка на патот на интеграцијата на Западниот Балкан, истакна министерот за правда Игор Филков

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, а една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.