Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни, соопштуваат од Владата.
Оттаму истакнуваат дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“.
Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици, соопшти владата.
Слични новости
Цената на нафтата повторно скокна по воените удари на САД на југот од Иран
Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Турција сака да стане даночен рај
Со законот, секој што од странство ќе регистрира имот во Турција – девизи, злато или хартии од вредност, од 31 јули 2027 ќе добие 20 годишно ослободување од данок на добивка остварен во странство.
Денес температури и до 32 степени Целзиусови
Температурите ќе бидат во пораст, а во најтоплите делови од земјата максималната дневна температура ќе достигне и до 32 степени Целзиусови.


