Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни, соопштуваат од Владата.
Оттаму истакнуваат дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“.
Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици, соопшти владата.
Слични новости
ЕСМ лани согореле повеќе мазут, што ја чинело компанијата над 30 милиони евра
За мазутот електрани дале вкупно 33,3 милиони евра за потребите на двете централи. Во извештајот на компанијата за 2025 пишува дека ЕСМ морал да користи повеќе мазут, поради неквалитетниот јаглен кој е примарен за производство на струја.
Американските берзи во плус поради оптимизмот за договор со Иран
Оптимизмот околу можен договор за прекин на конфликтот со Иран позитивно влијаеше врз финансиските пазари.
Граѓаните со перцепција за „погрешна насока“ на државата
Анкетата, спроведена на 1.002 испитаници од 27 февруари до 10 март 2026 година, покажува дека 51% од граѓаните сметаат дека животот во државата оди во погрешна насока.


