Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни, соопштуваат од Владата.
Оттаму истакнуваат дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“.
Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици, соопшти владата.
Слични новости
Ален Берсе, генералниот секретар на Советот на Европа во посета на Македонија
За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ресорни министри, а планирани се и повеќе активности поврзани со унапредувањето на соработката со оваа меѓународна организација.
Нафтата Брент денеска благо порасна на 102 долари за барел, по падот од 8 проценти во средата
Откако потенцијалниот договор меѓу САД и Иран за целосно окончување на војната придонесе за пад на нафата на светските берзи за 8 насто во средата, денеска цената на нафтата повторно бележи благ пораст, а барел Брент чини 102 долари на светските берзи.
Бензинот во САД 52 проценти поскап од пред војната со Иран
Цената за галон обичен бензин во САД минатата недела порасна за 32 цент, достигнувајќи просечна цена по галон од 4,54 долари, што е за 52 проценти повеќе од периодот пред почетокот на војната со Иран.


