По завршувањето на Велигден, Владата се очекува на седница да донесе нов пакет мерки за справување со растот на цените на храната.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека мерките ќе бидат таргетирани и комбинирани, насочени кон одредени категории граѓани и основни прехранбени производи.

Според Државен завод за статистика, инфлацијата во март достигна 4,9 проценти, при што најголем пораст е забележан кај храната и пијалоците.

Владините планови вклучуваат намалување на ДДВ за одредени производи и ограничување на профитните маржи, со цел да се ублажи ударот врз животниот стандард.

 

Слични новости

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.