Владата најавува воведување на буџет по учинок за судството, со образложение дека фиксниот законски процент од БДП не гарантира рационално трошење, туку дека ефикасноста треба да се мери преку индикатори на успешност.

Иако Законот пропишува најмалку 0,8% од БДП за судската власт, државата традиционално одвојува само околу 0,3%, а според Судскиот совет, и годинава не е испочитувана законската процедура за усогласување на буџетот со Министерството за финансии.

 

Судскиот совет тврди дека не дал согласност да добие два и пол пати помал буџет од законскиот минимум и дека финансиската автономија на судството е сериозно нарушена – оценка што ја повтори и Европската комисија во најновиот извештај.

Организациите што го следат судството предупредуваат дека средствата едвај покриваат тековни трошоци и дека нема простор за капитални инвестиции, дигитализација или кадровско зајакнување.

 

Слични новости

Филипче најави онлајн-петиција „Не за мигранти“

Филипче најави онлајн-петиција „Не за мигранти“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја најави првата граѓанска иницијатива против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата

Стартува расправата за буџетот

Стартува расправата за буџетот

Пратениците ќе дебатираат за најголемиот досега буџета тежок 6, 7 милијарди евра. Со планиран раст на економијата од 3,8 проценти и дефицит од 3,5 проценти од БДП.