Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).

-Капиталните проекти треба да бидат главен двигател на економскиот раст догодина, а позитивен раст се очекува и од приватните инвестиции со уште позабрзано темпо имајќи го предвид интересот за поволната кредитна линија за компаниите, како и приватната потрошувачка поддржана од растот на платите и пензиите“,  рече Димитриеска Кочоска.

Таа нагласи дека Предлог буџетот за 2026 година ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација.

Фискалната политика за 2026 година, потенцираше, ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност.

„ Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг“, рече министерката за финансии.

globe

Слични новости

Енвидија ги извести кинеските клиенти дека ќе го зголеми производството на чипови Х200 за вештачка интелигенција

Енвидија ги извести кинеските клиенти дека ќе го зголеми производството на чипови Х200 за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Трамп порача дека владата во Вашингтон ќе и дозволи на Енвидија да ги извезува во Кина процесорите Х 200, своите втори најбрзи чипови од вештачката интелигенција

Спејс Икс на Илон Маск се подготвува да стане највредна компанија во светот

Спејс Икс на Илон Маск се подготвува да стане највредна компанија во светот

Вселенската компанија „Спејс Икс“ на Илон Маск се подготвува да достигне фантастична вредност од 800 милијарди долари, со што би станала неприкосновен лидер меѓу приватните компании на глобално ниво, пишува „Њујорк тајмс“.