Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).
Таа нагласи дека Предлог буџетот за 2026 година ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација.
Фискалната политика за 2026 година, потенцираше, ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност.
„ Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг“, рече министерката за финансии.
Слични новости
Цените на нафтата во благ пораст, но и натаму со неделен пад од околу 3 насто
Цените на нафтата се во благ пораст, но и натаму се со неделн пад од околу 3 насто, пред се поради неочекуваниот вишок глобални залихи на нафта.
Енвидија ги извести кинеските клиенти дека ќе го зголеми производството на чипови Х200 за вештачка интелигенција
Американскиот претседател Трамп порача дека владата во Вашингтон ќе и дозволи на Енвидија да ги извезува во Кина процесорите Х 200, своите втори најбрзи чипови од вештачката интелигенција
Спејс Икс на Илон Маск се подготвува да стане највредна компанија во светот
Вселенската компанија „Спејс Икс“ на Илон Маск се подготвува да достигне фантастична вредност од 800 милијарди долари, со што би станала неприкосновен лидер меѓу приватните компании на глобално ниво, пишува „Њујорк тајмс“.


